ЕВН Македонија го закружи својот предизвик за средношколки „Приклучок за вештини“ со доделување награди на најдобрите учеснички, симболично на Меѓународниот ден на жената. Во овој предизвик беа вклучени ученички од 3 и 4 година од сите средни училишта кои се желни да научат повеќе, да ги развијат своите способности во техничкиот сектор и да ги покажат своите квалитети преку разни проекти.
Првонаградените и од тимскиот и од индивидуалниот предизвик добија парични награди од по 100.000 денари, второнаградените добија нови лаптопи, а третонаградените – таблети.
За време на настанот, на средношколките им се обрати Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Wolfgang Maier и менаџерот во ЕВН Македонија Електрани, г-дин Saso Stojkoski.







