НАМАЛЕНА ПРОДАЖБАТА НА НОВИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА, Франција и Германија со најголем пад на продажба на возила на бензин

Продажбата на нови автомобили во Европа се намали во јануари на годишна основа за прв пат од јуни, под притисок на послабите резултати на главните пазари, вклучувајќи ги Германија, Франција, Белгија и Полска, покажаа најновите податоци од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Падот беше најизразен во Норвешка, каде што регистрациите на нови возила, кои се земаат како индикатор за продажба, потонаа за околу 76 проценти во споредба со истиот месец во 2025 година.

Продажбата во Европската Унија, Велика Британија, Швајцарија, Норвешка и Исланд се намали за 3,5 проценти на 961.382 возила во јануари, според податоците на ACEA.

Регистрациите на бензински автомобили се намалија за околу 26 проценти во споредба со претходниот јануари, со драстичен пад во Франција од 49 проценти и Германија од 30 проценти.

Уделот на бензински возила на европскиот пазар се намали од речиси една третина на нешто повеќе од една петтина од вкупните регистрации во набљудуваниот период.

Од друга страна, регистрациите на електрични возила на батерии се зголемија за околу 14 проценти, на хибридни возила со приклучок за 32 проценти и на хибридни возила за шест проценти. Заедно, тие учествуваа со 69 проценти од новите регистрации, во споредба со 59 проценти во јануари 2025 година, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано