НАМАЛЕН БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА, висок пад во преработувачката индустрија

Бројот на работниците во индустријата е намален за 4,0% во јуни 2025 во однос на јуни 2024 година. Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на периодот јануари – јуни 2024 година, се намалил за 4,1 %, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил за 2,5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4,3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,4 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2,5 %, Капитални производи за 9,2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 11,4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 %.

Главни поенти

Бројот на работниците во индустријата во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, се намалил за:

  • 2,5 % кај рударство и вадење на камен
  • 4,3 % кај преработувачка индустрија
  • 1,4 % кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

    фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано