Највисоката бруто плата во ноември во Црна Гора изнесувала 74.039 евра или околу 54.500 евра нето, велат од Даночната управа на ЦГ за „Дан“.
Лицето кое го добило тој приход во ноември е вработено во трговија на големо со компјутери, компјутерска опрема и софтвер.
Останатите четири највисоки плати за ноември се исплатени на вработените во хотелиерството и сместувањето.
Втората највисока бруто-плата за ноември изнесува 45.286 евра, што е нето сума од околу 33,5 илјади евра.
Третата највисока бруто плата во ноември изнесувала 41.883 евра, четвртата 40.596 евра, а петтата 36.049 евра.
Просечната плата за ноември во Црна Гора била 993 евра.
фото freepic






