Во турската плодна рамнина Конија има над 2600 вртачи, кои се повеќе се приближуваат на станбените региoно и се закана за земјоделското производство. Отворите на површината на земјата се појавија во оваа голема житница на Турција поради голематa суша и прекумерната потрошувачка на подземните води.
Според последните податоци, нивниот број надмина 2600, а најкритични региони се Чиханбејли, Јунак, Кулу, Сараијону и Кадинхани, кои се познати како производители на житни култури. Управата за катастрофи и вонредни состојби (АФАД) и Техничкиот универзитет во Конија ја следат состојбата со појавите на вртачи, пишува „Еуроњуз“.
Претходно вртачите ги имаше во изолираните подрачја и тие секогаш постоеле, но со активностите на човекот придонесува за забрзано ширење, објаснуваат стручњаците.
фото freepic







