Најтргувани според прометот беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје. Со нивното тргување беше остварен промет од 27,3 милиони денари или околу 444,4 илјади евра (46,1 % од вкупниот промет). Втори најтргувани акции измината недела беа акциите на Алкалоид со 11 милиони денари (178,9 илјади евра) со учество 18,5 %. Макпетрол Скопје со вкупен промет од 9 милиони денари или околу 147,1 илјади евра (15,2 % од вкупниот промет). Акциите на Македонски телеком се четврти, според остварениот промет од 4,2 милиони денари или 68,3 илјади евра. Петта е Стопанска банка Скопје со 1,86 милиони денари или 30,3 илјади евра.

Минатата недела, во периодот од 13.10.2025 – 17.10.2025г година на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот пазар (акции и обрврзници) беше остварен вкупен промет од 59,1 милиони денари или околу 962,2 илјади евра. Овој промет беше реализиран преку 289 трансакции преку кои се истргуваа вкупно 16 600 акции и 370 обврзници.
Во анализираниот период се реализираа три блок трансакција во износ од 171,6 илјади евра со акциите на Макпетрол Скопје преку кои се истргуваа вкупно 91 акцја, како и една блок трансакција со акциите на Триглав осигурување живот АД Скопје во која се истргуваа 20 000 акции во вредност од 910,5 илјади евра.







