Недостигот на работна сила не може да се реши со неконтролирано примање на странските работници, како тоа му одговара на некој работодавач, и тоа треба да прекине, изјави Зоран Милановиќ, претседател на Република Хрватска.
– Треба да поработиме на тоа да нема нечесни работи, а услов за тоа е работниците да бидат пристојно платени. Нема нечесни работи од кои нашите деца треба да бегаат. Се согласувам дека тоа дека не треба сите наши деца да бидат доктори и инжињери. Нашите деца или нашите внуци не се никаква виша класа која не можат и не треба да ги работат оние работи за кои се носат работници од странство. Немам проблем со нивната вера, ни боја на кожа, но тоа е друга култура, изјави Милановиќ.
Хрватскиот претседател посочи и на фактот дека парите од Европската Унија ќе доаѓаат уште некое време, врз основа на членството во Унијата.
– Ние тие пари ги користиме релативно, но може и подобро и повеќе. Тие пари нема да доаѓаат засекогаш и ако не ги искористиме добро, тоа ќе биде болен пораз, изјави Зоран Милановиќ, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic






