Највисока инфлација во земјите во светот годинава се очекува во Аргентина со 54 отсто, Турција со 31,5 отсто, Иран со 27 отсто, Нигерија со 25,2 и Египет со 17,1 отсто. Најниска инфлација се очекува во Швајцарија – само 0,8 отсто, според податоците на Euromonitor International Macro Model.
Аргентина минатата година беше рекордер по инфлација, која изнесуваше 300 проценти годишно.
Изгледите за декември и јануари покажуваат дека таа може да биде многу пониска оваа година. Една од главните цели на аргентинската влада е да ја намали инфлацијата. Има одредени прогнози дека годинава таа би можела да биде и пониска од претходно споменатата бројка, со економски раст од четири отсто, пренесува „Бизнис и финансии“.
фото freepic





