Кавадарци е општина која изминативе неколку години бележи значителен напредок како во функционирањето, така и во можностите кои им се нудат на граѓаните.
За уште поголемо подобрување на услугите на граѓаните во Општина Кавадарци потребно е да се продолжи со посериозен менаџмент и усовршување на општинската администрација со брз пристап и проток на информации потребни за секој еден граѓанин. Локалната самопуправа потребно е да се занимава исклучиво со локалните проблеми и граѓански потреби, да им се дозволи на граѓаните да заземат активно учество во креирањето на општинскиот буџет, зголемување на комуникацијата на јавните претпријатија и овозможување на граѓаните по електронски пат да ги реализираат своите потреби.
Локалната самоуправа и Општинскиот совет треба да работат исклучиво во интерес на граѓаните, сè со цел да олеснат и да придонесат секој еден граѓанин да ги почувствува благодетите кои ги нуди едно општество.







