Нивото на водата на Охридското Езеро над февруарскиот просек

Нивото на водата на Охридското Езеро денеска се наоѓа на 693,55 метри надморска височина. Тоа е за 16 сантиметри над просекот за февруари утврден на котата од 693,39 метри надморска височина.

За релативно високиот водостој во езерото придонесоа продолжените интензивни и обилни врнежи од дожд и снег изминатиот период,  што ја подобрија севкупната хидролошка ситуација во регионот.

Tемпературата на водата во Охридското Езеро денеска изнесува 6,5 степени Целзиусови што е идентично на просекот за овој период од годината.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано