Ничева: Повеќето градови во земјава треба да се насочат кон креирање на јавни политики за отворање нови работни места

Во моментов живееме во време кога непостоењето кина, театарски претстави, детски игралишта и паркови, спортски содржини или пак едукативни настани организирани од локалната самоуправа не се на врвот на листата на приоритети, туку нешто сосема различно. Кога не само во Македонија туку и во Европа трендот на иселување на младите од послаба кон економски посилна држава агресивно го одзема населението од посиромашните земји, најактуелен предизвик со кој се соочуваат локалните самоуправи е како да си ги задржат жителите. Или зошто би инвестирале пари во капитални проекти кога нема кој да ги користи? Затоа не само Штип туку и повеќето градови во земјава треба да се насочат кон креирање на јавни политики за отворање нови работни места, обезбедување услови за инвестиции и иновации на локално ниво, поддршка, мотивација и стипендирање на најдобрите ученици, активна и сигурна старост на највозрасното население, богати социјални и едукативни содржини за најмладите… Ваквите мерки ќе им дадат аргумент повеќе на општините дека животот во помалите градови не само што е многу перспективен туку и многу интересен, што ќе овозможи задржување на работоспособната и најактивна сила, а тоа ќе обезбеди сигурен и просперитетен развој на локалната економија.

Повеќе од истиот автор

Најчитано