Инвестицијата што Синцеритас АД ја понесе во индустријата со канабис за медицинска намена е пред сè поттикната од поривот да се пресретнат и да се задоволат потребите на пациентите за набавување на висококвалитетни и безбедни производи од канабис за медицинска намена.
Земајќи ги предвид скорешните законски измени, квалитетниот кадар што може да го понуди фармацевтската фела, одличната географска позиционираност на земјава, како и ниските оперативни трошоци − одлуката за започнување на овој бизнис токму во Македонија беше неизбежна.
Со цел развивање и производство на активни супстанции и готови производи базирани на канабис за медицинска намена, седиштето на Синцеритас АД го лоциравме во центарот на Скопје уште од самиот почеток за веќе од 2018 година да започнеме со проектирање и изградба на нашиот современ објект од 4 400 m2 во Општина Росоман каде што се вклучени одделите за култивирање, производство и контрола на квалитет, како и Одделот за фармацевтско истражување и развој (сите изградени во согласност со одредбите на ДПП/GMP). За олеснување на процесите за дистрибуција и продажба ја отворивме и нашата прва канцеларија во финансискиот центар на Европа − Франкфурт, Германија.
Во насока на развивање на индустријата, а воедно и овозможување третман на пациентите со кој ќе се подобри и ќе се олесни нивната здравствена состојба – неопходно е вложување во постојани процеси на истражување преку кои подобро ќе го разбереме и ќе го искористиме терапевтскиот потенцијал на билката канабис, а потребно е и вложување во знаењата и експертизата на медицинскиот кадар за нејзината правилна употреба.
– Локации:
Седиште: Ул. „Антон Панов“ бр. 11, 1 000 Скопје – Македонија
Производствени капацитети: Локалитет Провалија б. б., 1 422 Росоман – Македонија
– Продажба и дистрибуција: Алте Сателфабрик 3, 61350 Бад Хомбург – Германија
– Започнување на активности: 2018 г.
– Финансиски податоци: Инвестиција од 15 милиони евра до денес
– Број на вработени: 60+






