ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека од денеска пуштен во употреба e новиот веб сајт. Истиот е достапен на адресата https://skopjebus.mk/. Новиот веб-сајт има за цел да им овозможи на граѓаните подобра и поефикасна информираност за услугите на Јавното сообраќајно претпријатие.
Клучни предности на новиот веб-сајт:
- – Модерен, адаптивен дизајн
Оптимизација за мобилни телефони, таблети и десктоп компјутери – за одлично корисничко искуство, без разлика од каде пристапувате. - – Интуитивна навигација
Јасна и едноставна структура која овозможува брз пристап до сите информации со само неколку клика. - – Пристап до клучни информации
Најважните содржини и известувања од ЈСП Скопје сега се полесно достапни за сите корисници. - – Подобрени перформанси и брзина
Веб-страницата е значително побрза, што значи пократко време на вчитување и поголема ефикасност во секојдневната употреба. - – Кориснички ориентирана содржина
Ажурирани текстови, визуелни елементи и повици за акција прилагодени на потребите на современите посетители. - – Тријазична верзија
Веб-сајтот е достапен на македонски, албански и англиски јазик, овозможувајќи инклузивен пристап и подобра информираност за сите граѓани и гости на градот.







