Норвешка ќе воведе строга минимална старосна граница од 15 години за користење на социјалните мрежи, откако владата ја засили кампањата против технолошките компании, за кои вели дека се „спротивставени на мозоците на малите деца“.
Норвешкиот премиер изјавил дека е ова ќе биде „тешка борба“, но појаснил дека политичарите мораат да интервенираат за да се заштитат децата од „моќта на алгоритмите“, пренесува „Гардијан“.
Норвешка веќе има минимална старосна граница од 13 години, но тоа не ги спречува повеќе од половината деца на возраст од девет години, 58 отсто на десет години и 72 отсто на 11 години, да пристапуваат на социјалните мрежи, според истражувањето на Норвешката агенција за надзор на медиумите.
Владата се обврзала дека ќе воведе повеќе заштитни механизми за да ги спречи децата да ги заобиколат старосните ограничувања. Така, се предвидуваат измени во Законот за лични податоци со кој корисниците на социјалните медиуми мораат да имаат 15 години за да се согласат за платформите да можат да ги обработуваат нивните лични податоци и да развиваат старосна верификациона пречка за користење на социјалните мрежи, пренесува „Бизнис и финансии“.
фото freepic







