НОРВЕШКА ЈА НАЦИОНАЛИЗИРАШЕ ГАСОВОДНАТА МРЕЖА

Владата на Норвешка објави дека постигнала договор со група компании за национализација на голем дел од гасоводната мрежа, а овој потег го смета за исполнување на националниот интерес. Норвешката влада минатата година најави дека по истекот на концесијата во 2028 година ќе ја национализира гасоводната мрежа, како и капцитетите за преработка и други делови од гасната инфраструктура и ги повика носителите на концесиите на преговори.

Ставот на власта во Осло е дека гасоводната мрежа претставува национален интерес и нејзин сопственик мора да биде државата. Гасоводната мрежа ги поврзува полињата во Северното и Норвешкото Море и преку неа се транспортира гасот во Велика Британија и другите земји во Европа.

Понудата на норвешката влада изнесуваше 1,54 милијарди евра. Досега владата беше сопственик на 46,7 отсто од вредноста на компанијата „Гаслед“, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано