За овие три години како член на Советот може да кажам дека Општина Тетово се справува со многу проблеми, пред сè од инфраструктурен аспект. Но, малку по малку се реализираат големите инфраструктурни проекти како што се: отворање булевари, санирање улици, канализации, денесување на градските автобуси, креирање на сè поголеми зелени површини и др. Исто така ние како Совет сме носеле и други важни одлуки кои директно или индиректно влијаат на квалитетот на живот на граѓаните на Тетово. Има место и за критики и за дебати, но пред сè сум оптимист дека во блиска иднина и тие што останале ќе се реализираат.







