Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2025 година во однос на истиот месец од претходната година е 104,5, објави Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во мај 2025 година се зголемени за 0,4 % во однос на претходниот месец.
Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2025 година во однос на април 2025 година e 100.4.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај 2025 година во однос на истиот период од минатата година е 105.5, додека во однос на декември 2024 година е 101.3.
Главни поенти
Цените во угостителството, по групи, во мај 2025 година во однос на април 2025 година се зголемени за:
- 4,5 % кај Храна
- 2,4 % кај Алкохолни пијалаци
- 1,8 % кај Безалкохолни пијалаци.






