Во општина Ново Село од денеска функционира подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) во која повеќе од 10 000 жители на оваа општина и околните населени места ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба како досега од патување до Струмица.
– Ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги, рече директорот на АКН Иван Живковски откако со градоначалникот на Општина Ново Село ја отворија новата канцеларија.
Прес-службата на АКН информира дека отворањето на канцеларијата е уште еден значаен и конкретен чекор кон унапредување на достапноста и квалитетот на катастарските услуги.
Извор/фото МИА







