ПАД ВО ОТКУПОТ НА ДОМАТИ И ЖИТА, намален откупот од земјоделските индивидуални фармери

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3 414 534 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се зголемени за 4,9 отсто.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 9,1 отсто. Во јуни годинава има намалување и на продажбата од сопствено производство за 4,3 отсто во однос на истиот мeсец лани.

Во вториот квартал годинава има намалување во откупот и продажбата на земјоделски култури во полјоделството за 4,2 отсто. Кај житата намалувањето е за 3,5 отсто, кај индустриските растенија за 66,4 отсто и кај градинарските растенија намалувањето е 5,4 отсто. Во групата овоштарство и лозарство намалувањето на откупот и продажбата е за 35,7 отсто. Откупот и продажбата на овошје во вториот квартал е намалена за 51 отсто во однос на истиот квартал од 2023 година.

Во јуни годинава има намалување на откупот и продажбата на домати за 747 тони. Годинава во јуни се откупени 1.288 тони, додека истиот период лани биле откупени 2.035 тони, објави денеска Државниот завод за статистика.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано