Главниот град на Франција остварил најголеми приходи од доаѓањето на туристите во 2022 година, покажала анализата на Светскиот совет за патување и туризам (WTTC).
Заработувачката на Париз, кој е град со најголем број на меѓународни туристички доаѓања во светот, изнесувала 35,65 милијарди долари во 2022 година.
На второ и трето место се Пекинг и Орландо со приходи од 32,6 милијарди и 31,1 милијарда американски долари.
На листата на „најтуристички“ градови се и двата кинески града Шангај и Гуангжу. На петто и шесто место се Лос Анџелес (приход од 22,9 милијарди долари) и Њујорк (со 21,09 милијарди долари). Токио остварил туристички промет од 17,9 милијарди долари, Мексико Сити со 16,7 милијарди и Лондон е на деветто место со заработка од 14,9 милијарди долари.
Во 2023 година Франција беше најомилена туристичка дестинација во светот со 100 милиони меѓународни туристички доаѓања. По неа се: Шпанија, САД и Италија.
Во 2023 година туристичките доаѓања во светот изнесуваа 1,3 милијарди, со годишен раст од 33 отсто. Но тоа не беше доволно да се надмине највисокото ниво кое е постигнато во 2019 година. Но приходите од туризмот во 2023 година ги надминаа од пред пандемиската година и изнесуваа 1,5 билиони долари, пренесува „Нова економија“.
фото freepic





