ПАТОТ КОН ТЕФЕРИЧ Е ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ

Во објава на фејсбук градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска ја информира јавноста дека по денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец.

„Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето. Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот. Посветени сме на изнаоѓање на најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција. БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ Е НАШ ВРВЕН ПРИОРИТЕТ!, стои во објавата.

Повеќе од истиот автор

Најчитано