Цените на фјучерсите за челичната арматура во август се намалени на 2.185 кинески јуани, односно на 539 евра за тон, што е најниско ниво за последните осум години. Намалувањето на цената за овој производ е поради слабата потрошувачка во Кина.
Индексот за набавка од менаџерите во кинеското градежништво во јули е најнизок во последните седум години. Забавениот раст на кинеската економија влијае на побарувачката за станбени објекти , пренесува порталот „Трејдинг економикс“.
фото freepic






