Годинашниот симпозиум се одржува под мотото „Естетика во функција на севкупното здравје“, испраќајќи порака дека современата естетска медицина е интегрален дел од целокупното здравје за пациентот.
Симпозиумот претставува најголем и најрелевантен стручен настан од оваа област во земјава, на кој учествуваат специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија, дерматологија и други сродни медицински гранки. Настанот има за цел континуирана медицинска едукација, размена на клинички искуства и унапредување на стандардите за безбедност и квалитет во естетската медицина.
Како предавачи учествуваат врвни домашни и странски експерти
Естетската медицина денес не е само прашање на изглед, туку сериозна медицинска дисциплина која опфаќа реконструктивни и регенеративни пристапи, третман на посттрауматски состојби, лузни и компликации од различни интервенции. Таа директно придонесува кон подобрување на физичкото и психолошкото здравје на пациентите.
Во рамки на програмата ќе се одржат стручни предавања, клинички презентации, дискусии и практични hands-on работилници.
За повеќе информации: www.zem.mk, zem.zdruzenie@gmail.com 070235868 / 075455140






