Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5,2 %.Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во споредба со август 2024 година, е зголемен за 0,2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 %, Алкохолни пијалаци зa 0,3 % и Безалкохолни пијалаци за 0,1 %, објави Државниот завод за статистика.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,5 %, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 %.
Највисоко поскапување на цените на храната во спетмеври 2024 година во однос на септември 2023 година има кај готовите јадења за 5,3 отсто и кај лебот 5,6 отсто. За истиот период ноќевањата поскапеле за 14,5 отсто.
фото freepic






