По Белгија и Германија со иницијатива за четиридневна работна недела

Повеќето Германци претпочитаат четиридневна работна недела, а бројот на работни часови да остане ист, покажаа резултатите од истражувањето на институтот „Форса“ (Forsa Institute for Social Research and Statistical Analysis). Станува збор за модел кој неодамна е усвоен во Белгија. Вработените имаат избор, може да работат или четири или пет дена во неделата, но бројот на неделни работни часови останува непроменет. На пример, недела со 40 работни часови може да се изработи во четири дена од по 10 часа наместо за пет дена со осумчасовно работно време. Белгија го воведе овој модел затоа што на работниците им се овозможуваат поголема флексибилност и поголема слобода, како и ускладување на деловниот и приватниот живот. Според истражувањето во Германија, 71 % од Германците посакуваат ваков модел и во нивната земја, додека 22 % се против. „Белгискиот модел“ најголема поддршка, 81 %, доби од возрасната група од 30 до 44 години, како и меѓу високообразованите лица со 7 %. Покрај Германија, четиридневната работна недела моментално се тестира во Швајцарија и Шкотска, додека други земји, вклучувајќи ги Велс, Шпанија и Јапонија, размислуваат за тест период.

Повеќе од истиот автор

Најчитано