|
|
|
За огромен успех го сметам отворањето на новата директна линија со која ќе се поврзат Киев и Скопје со два лета во теков на неделата од која очекувам зголемување на бројот на украински туристи во земјава. Ова е турболентно време во кое ние успеваме да отвориме нов пазар, а тоа за мене претставува огромен успех” изјави Јаневски. Со презентација на можностите за развој на зимскиот туризам пред тур-операторите од Украина, Јаневски ги истакна предностите на зимскиот туризам, со посебен акцент на слободното скијање и сноубординг, за кои аранжмани од 5 до 7 дена во зимските центри како Маврово и Шапка се идеални.








