ПРЕД ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ ЦЕНАТА НА ЧОКОЛАДОТО ПОСКАПО ДО 20 ОТСТО

Цените на чоколадото и кондиторските производи пред претстојниот Ден на вљубените се зголемиле за околу 10 до 20 отсто во споредба со минатата година. Причината за повисоките цени е поскапувањето на какаото, чии цени се повисоки за двапати од почетокот на 2024 година, изјави Велс Фарго Дејвид Бранч, менаџер на сектор во Интитутот за земјоделство.

Швајцарската компанија за производство на чоколадо и кондиторски производи Линдт соопшти дека 2024 година била „предизвикувачка со рекордни високи трошоци за какао и со значително повисоки цени“. Трендот на раст на цената на чоколадото ќе продолжи и во 2025 година, пренесе СНН.

Цената на какаото во декември достигна рекордни 12.646 долaри за тон. Според Индексот на цените на производителите (ППИ), во последните две години цената за производство на чоколадото се зголемила за повеќе од 167 отсто. На порастот на цените влијаело лошото време во Западна Африка, пренесува „Блиц“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано