Во Црна Гора во периодот од 2020 до 2022 година 66,9 отсто од претпријатијата вовеле барем една од иновативните активности, покажуваат прелиминарните податоци од истражувањето кое е спроведено од Монстат, а се однесува на воведувањето на иновации на производот ( стоките и услугите), новини во деловниот процес или други иноватнивни активности.
– Во набљудуваниот период висок процент од компаниите вовеле барем една од наведените иновативни активности, додека 33,1 отсто од претпријатијата немале никакви новини , се наведува во соопштението на Монстат.
Учеството на претпријатијата кои имале иновативни активности во производните претпријатија изнесува 66,5 отсто, а кај услужните 67 отсто. Од вкупниот број на анкетирани компании, 50,2 отсто имале иновации на производите (стоки и услуги). Околу 51 отсто од компаниите одговориле дека имале иновација и во деловниот процес, пренесува „Мина“.
фото freepic






