Хрватска се соочува со хиперинфлација во туристичката понуда на кревети во приватното сместување во однос на побарувачката, а тоа се покажа во јули и август годинава кога капацитетите беа пополнети со 40 отсто, изјави Тончи Главина, хрватскиот министер за туризам и спорт во гостувањето на Дневникот на ХТВ.
– Се доведoвме со состојба кога секоја година ни се намалува пополнетоста и имаме и се повеќе забелешки за понудувачите за приватно сместување. Моравме да донесеме некои законски измени за да ги заштитиме луѓето кои се занимаваат со туризмот и тие да можат да ја задржат конкурентноста, изјави министерот Главина, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic






