Прличкова: Еднакви можности за жените и мажите

Вклучувањето на жените во креирањето и донесувањето на одлуките е еден од клучните сегменти и е прашање на кое треба да се посвети повеќе внимание не само во нашата општина туку и во останатите општини во нашава држава. Сметам дека не е доволно слушнат гласот и потребите на руралната жена. Доколку успееме да обезбедиме услови за да биде слушнат гласот на секој граѓанин, а притоа да обезбедиме услови да се изреализираат сите нивни потреби, тогаш можеме да кажеме дека сме успеале да обезбедиме еднакви можности за сите наши граѓани. Поттикнувањето на жените да се вклучат во креирањето на политиките, да се охрабрат да отворат сопствени бизниси и јавно да ги кажат своите мислења треба да биде еден од главните приоритети на општините ако сакаме да градиме едно општество за сите. Принципот на почитување на разликите, еднаквоста и поттикот за остварување на сопствениот потенцијал мора да биде основниот темел во секое демократско општество. Нашата работа во овој мандат, така и во иднина, ќе биде насочена кон креирање на град во кој и жените и мажите ќе имаат еднаква можност за остварување на својот личен и професионален план.

Повеќе од истиот автор

Најчитано