Македонија2025 со гордост го објавува вториот отворен повик за апликации за Програмата за Извршни директори – Зафировски. Оваа програма обезбедува стипендии за светски познатата школа за менаџмент – Kellogg School of Management. Kellogg School of Management е дел од Northwestern University, чиешто школо за бизнис е рангирано трето во САД и второ според истражувањето на US Employer.
Оваа година Програмата за Извршни директори –Зафировски се проширува и нуди стипендии за две различни програми:
- Програма за развој на Извршни директори:
Оваа интензивна програма се фокусира на средината во која се одвива бизнисот, клучните функционални области на управување, развојот и спроведувањето на корпоративната и деловната стратегија и промовирањето на организациското учење. Секогаш во тек со најновите трендови во бизнисот, Келог се труди наставната програма да биде во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на лидерството на извршните директори.
Програмата се состои од:
▪ Програма за развој на извршни директори (3 недели) на Kellogg School of Management, Northwestern University, САД;
▪ Секој учесник плаќа надомест од $6000: Надоместот вклучува сместување и оброци;
▪ Вкупната вредност на програмата е $33,100;
▪ Секој учесник си го покрива својот трошок за пат.
Плус: Можности за поттикнување на лидерството: Менторство, вмрежување, постојана поддршка
Дополнителна можност:
Менторство за извршни директори со доплата од $800 за учесниците на Македонија 2025
Кој може да аплицира:
- Извршни директори на средно и високо ниво, кои се на патот да станат генерални директори;
- Најмалку десет години професионално искуство;
- Лидери на сениорски позиции кои мора да се во интеракција со други области надвор од нивната дејност и експертиза;
- Директори на мали и средни фирми и претприемачи или сопственици на мали компании со потенцијал за раст;
- Кандидатите мора да бидат во целост поддржани од својот работодавач.
6 стипендии се достапни за 2018
Образовните сесии ќе се одржуваат на:
10 – 29 јуни, 2018 ИЛИ 23 септември – 12 октомври, 2018 на кампусот Еванстон, Илиноис, САД
- Напредна програма за менаџери
Доколку неодамна сте се стекнале со одговорности кои ја опфаќаат целата компанија или сте подготвени да го сторите тоа, ова извонредно искуство за професионален развој ќе ви помогне да го процените влијанието на вашите лидерски вештини врз вашата организација, да се проширите на пазарот, да управувате со раст и да се опремите да ја водите организација низ предизвиците и можностите на глобалниот современ пазар.
Програмата се состои од:
▪ Напредна програма за менаџери (3 недели) на Kellogg School of Management, Northwestern University, САД;
▪ Секој учесник плаќа надомест од $8000: Надоместот вклучува сместување и оброци;
▪ Вкупната вредност на програмата е $43,100;
▪ Секој учесник си го покрива својот трошок за пат.
Плус: Можности за поттикнување на лидерството: Менторство, вмрежување, постојана поддршка
Менторството е вклучено во цената.
Кој може да аплицира: Искусни извршни директори на сениорски позиции со минимум бизнис искуство од 20 години, вклучувајќи и 10 години искуство на извршна или сениорска позиција. Учесникот на оваа програма треба да има преземено обврски на ниво на целата компанија или пак да биде подготвен да го направи тоа. Овие извршни директори со висок потенцијал треба да целат кон проширување на своите видици и да ги предвидуваат предизвиците и можностите во бизнисот на глобалниот пазар.
3 стипендии се достапни за 2018
Образовните сесии ќе се одржуваат на:
14 октомври –2 ноември, 2018 на кампусот Еванстон, Илиноис, САД
За повеќе детали, отворете го слениот ЛИНК
Повикот за апликации трае до 1 февруари, 2018







