Програма за извршно образование во Канада

Програмата за извршно образование во Канада нуди курсеви за лидерство и стратегиско извршување во соработка со Смит школата за бизнис, Универзитетот Квинс во Кингстон, Канада. Оваа програма им нуди на талентираните македонски директори (среден менаџмент) сеопфатно северноамериканско искуство, со пристап до врвни курсеви за образование за извршни директори и вистинска деловна изложеност во северноамериканските компании. Учесниците имаат можност да остварат и job shadowing во канадска компанија, согласно нивната индустрија и интерес.
За повеќе информации за самата програма, критериумите, начинот на аплицирање, селекцијата, може да најдете на следниот линк на веб страната на Македонија2025, ТУКА.
Повикот е отворен до 20 април 2024 година.

Повеќе од истиот автор

Најчитано