Проданоски: Професионална администрација за задоволен граѓанин од брза и квалитетна услуга е единствениот услов за добро развиена општина!

Услугите за жителите на општина Прилеп ќе се подобрат со еден сериозен менаџмент на локалната самоуправа и професионализација на општинската администрација, воведување на интегриран систем на сите јавни претпријатија и компании кои даваат услуги на граѓаните, опфат на сите услуги на локално ниво во еден, во права смисла на зборот, „едношалтерски систем“, со брз пристап и проток на информации, а со самото тоа и давање брза и квалитетна услуга на граѓаните. Ако се има аналитичен пристап на проблемите што ги имаат граѓаните при добивање на услугите, лесно може да се најдат решенија и да се направат сериозни промени во давањето на услугите што, само по себе, претставува предизвик за ова општество. Професионална администрација за задоволен граѓанин од брза и квалитетна услуга е единствениот услов за добро развиена општина!

Повеќе од истиот автор

Најчитано