Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се повисоки за 0.8 %, а на годишно ниво се пониски за 3.2 %.
Во јануари 2024, во споредба со декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.9 %.
Во јануари 2024, во споредба со јануари 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 15.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 2.5 %.
фото freepic







