ПРОИЗВОДНАТА АКТИВНОСТ ВО ЕВРОЗОНАТА Е НА НАЈНИСКО НИВО

Деловната активност на еврозоната се намали во септември и го достигна најниското ниво по последните осум месеци. Прелиминарните податоци за S&P Global индексот за менаџерските набавки се намали на 48,9 во споредба со претходниот месец кога изнесуваше 51,2 . Вредноста на индексот под 50 значи и намалување на деловните активности, a аналитичарите кои ги анкетираше агенцијата „Ројтерс“ очекуваа повисока вредност од 50,5.

Активностите во угостителскиот сектор забележаа раст на индексот на 50,5 , а на производниот сектор се намали на 44,5 отсто, во споредба со август кога изнесуваше 45,8.

– Падот на вкупната деловна активност е потикнат од продлабочувањето на рецесијата во производниот сектор на еврозоната, каде производството се намали за 18 месеци по ред. Годинава тоа намалување е позабрзано, се наведува во извештајот на S&P Global, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано