Сарамандов: Потребен е сериозен пристап на локалната самоуправа за искористување на сите туристички потенцијали

Професионализација на административните службеници и дигитализација во локалната самоуправа и јавните институции под нејзина капа се неопходни за подобрување на услугите на граѓаните и решавање на нивните барања.
Ефективна и стручна работа на Одделението за урбанизам е од приоритетно значење за граѓаните на Општина Гевгелија и за бизнис-заедницата.
Добар урбанизам е предуслов за побрз развој на нашата општина и во таа насока мојот став е дека е потребно префрлање на надлежностите поврзани со изработката на деталните урбанистички планови од Министерството за транспорт и врски на локалната самоуправа.
Другиот важен сегмент за развој на Општина Гевгелија е изготвување на план и на стратегија за развој на туризмот.
Благодарение на местоположбата, Гевгелија во текот на целата година е посетена од огромен број на грчки државјани, но и транзитни туристи во текот на летниот период.
Од нив зависат приходите на најголемиот дел од малите стопанственици и стоматолозите во Општина Гевгелија и затоа потребен е сериозен пристап на локалната самоуправа за искористување на сите туристички потенцијали.

Повеќе од истиот автор

Најчитано