Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?
Постигнувања на претходната Влада се: макроекономска стабилност, ефективна даночна политика, на пример рамниот данок, и намалување на невработеноста. Подобрена е бизнис-климата, пред сѐ работата на Централниот регистар, како и на Катастарот. Субвенциите во различни подрачја како земјоделство, туризам, странските инвестиции, вработувањето имаат одредени ефекти.
Новата Влада треба да продолжи во градењето бизнис-клима, пред сѐ во подобрување на правната и регулативна средина (стабилност, предвидливост), владеење на правото и борбата против корупцијата и обезбедување лојална конкуренција.
Потребна е оценка на различните политики со цел подобрување на ефективноста, на пример на субвенциите. Се стекнува впечаток дека на пример субвенциите во земјоделието пред сѐ имаат социјален карактер, а недостасува развоен карактер. Секако недостасува и сосредоточеност на мерките и на ресурсите на неколку избрани стратешки подрачја. По што ќе биде препознаенаМакедонија?По ајварот, виното, фармацијата, Охрид или нешто сосема друго.








