Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?
Императивно е да се продолжи со изградбата на патната инфраструктура, пред сѐ патниот правец Охрид – Кичево, а неопходно е да се доврши и патот Прилеп – Скопје. Патната инфраструктура е важна не само за туристите, туку пред сѐ за македонските компании кои секојдневно ги користат овие патишта. Поради тоа покрај автопатот Демир Капија – Смоквица треба да се вложи и во обиколница кај Битола до границата со Грција, што ќе ни овозможи брз пристап до Игуменица. Треба да се размислува како да се подобри патната инфраструктура бидејќи тоа е крвотокот на секоја економија.
Покрај олеснување на пробивот на странските пазари, со субвенционирање на саемските манифестации и на трошоците за истражување на странски пазари, во насока на унапредување на домашната економија eипоголемата грижа за домашните стопански субјекти. Во овој момент најважно е да се даде поддршка за домашните компании кои би инвестирале во нови производствени капацитети за производи со додадена вредност, готов производ, а не само поддршка на примарното земјоделско производство. Една сугестија е да се основа Агенција за домашни инвестиции со цел поедноставување и најбрзо можно вадење на сите потребни дозволи за градба, решавање на инфраструктурни и комунални решенија потребни за инвестицијата.
Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?








