Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс заедно со министерот за странски инвестиции, Бардул Даути се во посета на Берлин каде што остварија средби со д-р. Волкер Трајер, директор на Германската комора за индустрија и трговија (DIHK) во Берлин, Хелге Толксдорф, шеф на одделението за проширување на ЕУ, Југоисточна Европа и Турција, Макси Хулсен, раководител на Одделението за Источна и Југоисточна Европа, Централна Азија во Германската комора за индустрија и трговија и Ања Квиринг, регионален директор на Источниот комитет- здружение на источна Европа на германското стопанство, во Берлин.
На тркалезната маса учествуваа и претставници од 6 германски компании, дел од нив се инвеститори во земјата и сакаа да се информираат за понатамошните можности за инвестирање, дел од компаниите сакаа да се запознаат со можностите кои ги нуди Северна Македонија за новите инвеститори. Северна Македонија е одлична локација за германските инвеститори како што се покажа во изминатите 10 години, германските компании кои работат во земјата се задоволни од условите, тие вработуваат повеќе од 20.000 лица, а веќе повеќето од нив официјално соопштија дека сакаат да ги големат своите инвестиции, како на пр. ОДВ Електрик, Костал, Кеслер- соопшти Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.






