Серафимова: Ние како општина ги имаме сите предуслови да бидеме еколошки најразвиена општина

Локалната самоуправа е двигател на една општина, тоа граѓаните на Општина Кочани може да го почувствуваат бидејќи во изминативе 3 години комуникацијата меѓу локалната самоуправа и граѓаните е значително подобрена бидејќи граѓаните се целосно вклучени во изготвување на буџетот, изработката на планови и проекти кои се од интерес на општината и на граѓаните.
Предизвик на Општина Кочани е да се обезбеди поголема транспарентност на локалната администрација во сите фази на управување со ресурсите. Со зголемената транспарентност ќе се овозможи полесно и побрзо решавање на проблемите кои ги имаат граѓаните. Би било добро да има отворена телефонска линија на која жителите на Општина Кочани ќе можат да ги пријавуваат своите проблеми. Исто така многу важна е и подготовката и реализацијата на планот за одржлив локален економски развој со што ќе се створи можност за поквалитетен живот за граѓаните. Општина Кочани во иднина мора и треба повеќе да посвети внимание на животната средина бидејќи ние како општина ги имаме сите предуслови да бидеме еколошки најразвиена општина. Младите се исто така предизвик за да ги задржиме нудејќи им услови во кои ќе можат своите способности да ги искажат на дело. Три години не е предолг период во кој може да се реализира сè што е потребно и замислено, но сепак локалната власт чекор по чекор оди напред во исполнување на сите предизвици, но сепак предизвикот е да продолжиме и понатаму да бидеме заедно со граѓаните бидејќи само така ќе докажеме дека локалната самоуправа постои за да им служи на граѓаните и дека се бориме за да имаме едно општество за сите со отворена и транспарентна општина.

Повеќе од истиот автор

Најчитано