Подобрувањето на услугите на граѓаните, а со тоа и на нивниот живот, Општина Прилеп може да го оствари само доколку има слух за гласот на граѓаните или подобро речено ако се води од девизата „работиме и градиме општина според предлозите и идеите на граѓаните“. Граѓаните се тие кои најдобро знаат што е она што им треба, што ги ограничува и што им го олеснува животот, па за таа цел потребна е поголема инклузија на граѓанскиот сектор во процесот на раководење и носење одлуки од страна на градоначалникот и на Советот. Само со реализација на идеите, на размислувањата и на проектите кои ги нудат граѓаните може да се каже дека имаме општина која работи транспарентно и во интерес на граѓаните. Реализацијата на советите кои ги нудат граѓаните ќе овозможи поголема иновативност и услужливост на општината.







