Синиша Мали: Директните странски инвестиции во Србија изнесуваат 4,5 милијарди евра во 2023 година!

Во 2023 година вредноста на директните странски инвестиции во Србија изнесува 4,5 милијарди евра, а 60 отсто од сите инвестиции во регионот се однесуваат на Србија, изјави Синиша Мали, српскиот министер за финансии.

– Србија стана атрактивна и поконкурентна земја за инвестирање во последните 12 месеци. Ние ги спроведуваме реформите на сите нивоа, ги зголемуваме платите и пензиите, вложуваме во инфраструктурата. Резултатот од тоа е зголемени приходи во буџетот и раст на БДП, изјави Мали за ТВ Прва.

Целта на Владата на Србија е до крајот на 2027 година и со вложувањето во светската изложба ЕКСПО земјата да оствари БДП од 100 милијарди евра, додека пред 12 години нацiоналниот производ изнесуваше 30 милијарди, пренесуваат медиумите во Србија.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано