Спорт Лајф: Новиот предлог-закон ги загрозува работните места на нашите вработени, нивната иднина и квалитет на живот

Како ја оценувате тековната состојба во вашиот сектор? Каде е во тие рамки вашата компанија и што носи иднината?

Почетоците на нашава компанија се од далечната 2002 година, а ситуацијата во која се наоѓаме сега можеме да ја опишеме како кулминација на сето она што се случуваше низ годините со измените на Законот за игри на среќа.
Предлог-законот кој во моментов е доставен до Собранието дефинитивно е крајно несоодветен и тој ќе значи крај на легалните игри на среќа.
Постоечкиот Закон за игри на среќа е најстрог во регионот, а предвидените законски измени се тотално несоодветни за унапредување на игрите на среќа.
Нашата индустрија е веќе оштетена со тоа што нашава земја е единствената земја во регионот која нема онлајн игри на среќа, а новото законско решение кое не дозволува приредување на игри на среќа преку интернет, што е пракса секаде во светот, дополнително негативно ќе влијае на нашата работа.
Освен нашиот бизнис, новиот предлог-закон ги загрозува работните места на нашите вработени, нивната иднина и квалитет на живот.
Ние сме врвни професионалци, општествено одговорна компанија која го штити јавниот интерес и неселективно ги спроведува законските норми. Бараме новото законско решение кое ќе се донесе да биде прифатливо за сите засегнати страни и да биде основа за унапредување на нашето работење и сме подготвени со сите капацитети да учествуваме во неговото креирање.

Најчитано