Србија и Македонија ќе продолжат со намалување на фискалниот дефицит

ММФ: Земјите од Западен Балкан со различна динамика на раст

Фискалните дефицити во земјите на Западен Балкан ќе продолжат да се намалуваат во Србија и Македонија, изјави шефицата на канцеларијата на ММФ во Србија Јулија Устјугова, на првиот ден од Копаоник бизнис форумот, кој започна денеска со панелот за економските перспективи на Западен Балкан

Очекуваме фискалните дефицити да продолжат да се намалуваат во Србија и Македонија. Во другите земји земји ќе се врати на претходните нивоа, освен во една земја. Тоа е Црна Гора, каде се очекува значително зголемување на фискалниот дефицит, како резултат на мерките кои беа спроведени во претходните години, изјави Устјугова.

Во однос на јавниот долг се намалува во минатите години, но како што појасни таа, тоа не значи дека сите ризици се исчезнати, пренесува Еуроњуз.рс.

Според ревидираните проекции на ММФ за 2024 и 2025 година динамиката на растот во целиот регион на Западен Балкан ќе биде поинаква.

Некои земји ќе имаат забавен раст, некои ќе имаат повисок раст. Растот во регионот ќе се движи од 2,5 до 4 отсто. Просечната стапка на раст е 3,3 отсто, што е очекуван раст и за Србија во 2024 година, нагласи Устјугова.

Претседателот на Сојузот на економистите на Србија Александар Влаховиќ изјави дека „живееме во неизвесно време односно во време на поликризи“.

На Форумот во Копаоник ќе бидат понудени решенија како да се надминат предизвиците. Раличните кризи, се предизвикани од различни фактори, и имаат различни решенија. Дојде до геополитичка поделба, до геоекономски фрагментации и ова е спротивно на целиот процес на глобализација кој траеше неколку децении, изјави Влаховиќ, пренесува Танјуг.

Повеќе од истиот автор

Најчитано