Реалниот бруто домашен производ на Србија во вториот квартал годинава, во однос на истиот квартал лани, е зголемен за четири отсто. Растот на БДП споредено со првиот квартал е зголемен за 0,8 отсто, објави денеска Републичкиот завод за статистика на Србија.
Меѓугодишниот раст во градежништвото изнесува 7,2 отсто, во трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила, сообраќајот, услугите и сместувањето и исхраната растот е за 7,1 отсто.
Реалниот пад на бруто додадената вредност е забележан во секторот земјоделство, шумарство и рибарство за 4,1 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата е зголемена за 4,8 отсто, а финалната потрошувачка на државата за 4,5 отсто. Бруто инвестициите во основни средства се зголемени за 8,5 отсто.
Извозот на стоки и услуги од Србија е зголемен за 4,4 отсто, а увозот на стоки и услуги пораснал за 8,5 отсто, објави „Данас“.
фото freepic





