Ставрески: Општина Охрид треба максимално да ги искористи природните и историските ресурси со кои располага на својата територија

– Унапредување и зголемување на надлежностите на општините.
– Овозможување на градоначалникот да состави тим од видни личности кои се докажани во своите области (финансии, урбанизам, туризам…).
– Донесување закон со кој ќе се ограничи бројот на вработените во општинските администрации според бројот на жители.
– Намалување на бројот на јавните претпријатија со присоединување на оние претпријатија кои вршат сродни дејности.
– Формирање фондови кои ќе ги поддржат добрите практики во Општина Охрид.
– Формирање тим од млади луѓе кои имаат широки познавања во своите области во Општина Охрид, на кој ќе му се овозможат соодветни обуки за работа на проекти за потребите на граѓаните.
– Општина Охрид заедно со МОН треба да стави посебен акцент на прилагодувањето на средните стручни училишта кон пазарот на трудот во соработка со бизнис-заедницата.
– Општина Охрид треба максимално да ги искористи природните и историските ресурси со кои располага на својата територија.
– Строго да се води контрола за роковите за решавање на предметите на граѓаните и да се овозможи преку електронско аплицирање да се олеснат услугите кон граѓаните.
– Изградба на зелени паркови по населбите со одредени содржини со претходен договор со месното население.

Повеќе од истиот автор

Најчитано