„Новата генерација инвеститори почнува со вложувања порано од кога било“, вели Билјана Станковска Арсова, одговорно лице за клиентски односи во „Капитал ассет менаџмент“, во интервју за Економија и бизнис. Според неа, просечната возраст на која започнува генерацијата Зет со инвестирање е само 19 години, а 65% од младите користат мобилни апликации и дигитални платформи.
„Тие најчесто почнуваат со микроинвестиции, но мора да бидат внимателни со шпекулативни инструменти како криптовалути и деривативи“, предупредува Арсова. Таа нагласува дека потребно е младите инвеститори правилно да се едуцираат и да ги користат искуствата на претходните генерации.
„Нашата улога како независен инвестициски советник е токму тоа – да ги насочиме, едуцираме и да им помогнеме да изградат стабилен и одржлив пристап кон инвестирањето“, додава таа.
Целото интервју од печатеното издание прочитајте го на ЛИНКОТ







