Доколку сакаме модерна и просперитетна општина со задоволни граѓани, работењето на општината треба да се темели преку три основни столба, и тоа:
1. Партиципативно одлучување на членовите на урбаните и месните заедници заедно со сите советници во Советот на општината при донесување на развојната програма.
2. Квалитетно менаџирање со општинскиот апарат и воведување на едношалтерски систем, како и зголемување на степенот на професионализација на вработените во општината.
3. Ефикасни и квалитетни услуги на сите јавни претпријатија во сите делови на градот Куманово − како во централното градско подрачје, така и во приградските населби и села.
Особено треба да се стремиме кон зголемување на приходите на општината доколку сакаме квалитетен, брз и рамномерен развој на општината, особено во делот на инфраструктурните проблеми и нивно решавање.
Потребен е и повисок степен на децентрализација на општините со што автоматски би се зголемиле и приходите на општината, а зголемување на приходите значи и поголеми капитални инвестиции.
Со особено внимание треба да се однесуваме кон здрава животна средина придружена со низа елементи за правилен развој на нашите најмали сограѓани по принципот во здраво тело здрав дух.
Посебно треба да се работи на привлекување на средствата од европските фондови, од ИПАРД-
-програмите, за кои ни е потребна квалитетна и професионална општинска администрација.
Рецепт едноставен, конечен резултат − задоволни граѓани.







