Страшевски:Неизбежно е и вклучување во комуникацијата и на приватниот сектор кој твори во локалната самоуправа и е двигател на општествениот развој

Секоја локална самоуправа, па и Општина Гостивар се соочува со предизвикот да биде поблиска до граѓанинот. Сето тоа би се остварило со професионализација, обука и современо менаџирање на постоечките човечки ресурси. Тука би требало да се воспостави систем со кој сета општинска администрација, вклучувајќи ги и јавните претпријатија, би имале една заедничка комуникација, односно би имале еден интегриран систем на комуникација. Тоа ќе доведе до еден партнерски однос меѓу граѓанинот и општинската администрација. Неизбежно е и вклучување во комуникацијата и на приватниот сектор кој твори во локалната самоуправа и е двигател на општествениот развој. Сето тоа ќе доведе до една отвореност и афирмација на општината кон граѓаните.

Повеќе од истиот автор

Најчитано