Татковците во Црна Гора по раѓањето на детето ќе имаат право на десет платени работни денови и два месеца родителско отсуство од работа. Ова се измените во Законот за работа што ќе се применуваат во иднина, а во наредните недели ќе биде на јавна расправа. Оваа новина има за цел да се поттикнат татковците повеќе да го користат правото на родителско отсуство, по раѓањето на детето, пренесува РТЦГ.
– Отсуството од работа во траење од десет дена и минималното родителско отсуство од два месеца нема да може да се пренесе од едниот на другиот родител, изјави Анѓела Башовиќ, од Министерството за труд на ЦГ.
Во расправата за измените на Законот за работа од дома попрецизно ќе се дефинираат правилата согласно европските стандарди, а една од новините е работодавачот да биде обрзан на вработените да им обезбеди опрема и средства за работа од дома.
– Работата надвор од просториите на работодавачот е доброволна и вработените доколку не прифатат да работат на овој начин, нема да трпат штетни последици, објаснува Башовиќ.
фото freepic







